English VersionМакедонска верзија

дома | галерија | изработка | контакт | порачки

Пирографија

Галерија
Пирографска изработка, мотив 'Камен Мост'

Пирографијата е една од најретките уметности изведени на дрво. Пирографијата во истовреме е и техника со која со горење се нанесува траен мотив на дрвото. Изработката се извршува рачно, не се употребуваат никакви ласери или пак други инструменти, што ја прави пирографијата уникатна уметност. Со цел оваа уметност да ја доближиме и да ја направиме подостапна за вас во галеријата можете да погледнете различни икони, цркви, храмови, мотиви, часовници, грбови, слики од Скопје и од Македонија. На ваше барање може да се изработи што било, треба само да ни испратите слика од она што сакате да биде изработено за вас. Цените се достапни за секого. Доколку сте заинтересирани за процесот на изработка на едно пирографско дело повеќе информации ќе добиете со посета на линкот изработка. Форматот на изработка е по ваш избор. Ние ќе ви понудиме различни димензии и форми на дрво, но ако ниту еден од тие не се поклопува со вашата потреба секогаш се земаат предвид вашите предлози.

Галеријата изобилува со слики. Таа е поделена во категории и секоја категорија содржи мали слики кои можете да ги видите и во поголема верзија со едноноставно притискање на самата слика.

Он-лајн нарачките се овозможени меѓутоа начинот на плаќање првично нема да се извршува со кредитни картички преку оваа страница. За да нарачате треба само да кликнете порачај на некое пирографиско дело и тоа ќе биде поставено во вашата кошничка. Кога конечно ќе го направите вашиот избор само треба во формата за порачување да ги оставите вашите податоци и ние ќе ве контактираме за вашата нарачка.

најгоре | дома | галерија | изработка | контакт | порачки | корисни линкови

телефон +389 70 675702   info@pirografija.com

gucci bagsfendi bagstimberland mens bootskobe zoomprada handbagsair max 2009leather handbagsasics sports shoes louboutin shoes salembt shoes sale